Им ја плативме кампањата? Мицкоски троши МИЛИОН ЕВРА за маркетинг – Се изнајмуваат бини, осветлување, озвучување…

t

Генералниот секретаријат на Владата троши речиси МИЛИОН ЕВРА за изнајмување и ракување со опрема за симултан превод и аудио и видео поддршка на настани во опрема во внатрешен и надворешен простор.

Договорот е склучен и објавен денес, а е потпишан од страна на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев.

Иако прво во очи ви паѓа „симултан превод“, доколку ја погледнете финансиската понуда од компанијата ќе забележите дека најмалку има превод. Компанијата практично ќе организира настани, а дел од финансиската опрема се озвучување, микрофони, бубици, монитори, осветлување, дим-машини, видео ѕидови во различна големина, проектори, слушалки, шатори и слично.

Накратко, Владата си ја плати претстојната предизборна кампања за локалните избори, а еве колку вие ќе платите за нивна промоција.

Комапнијата која го доби тендерот е СМ АРТ ВИЗ АРТ ДООЕЛ увоз-извоз Струмица, во сопственост на Петар Божинов.

Во огласот од Генералниот секретаријат на владата во делот за техничка или професионална способност на економскиот оператор се бара минимум 15 реализирани договори исти или слични на предметот на набавката во последните три години.

Инаку, во претходните години Владите изнајмувале слична опрема по драстично помала цена. На пример во 2018 година договорот изнесува 3,6 милиони денари, во 2023 година опремата за симултан превод чинела 2,5 милиони денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Им ја плативме кампањата? Мицкоски троши МИЛИОН…

Генералниот секретаријат на Владата троши речиси МИЛИОН…

Драма во Струмица: Пијан возач удираше со…

Пијан возач удираше со автомобилот во станбен…

Филипче: Владата ги изневери лозарите, нудиме закон…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, заедно со…

ДУИ: Владата нема политичка волја за уставни…

Последните изјави на владините претставници дека „една…

Филипче: Владата нема ниту еден свој резултат,…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју…