Филипче: Владата нема ниту еден свој резултат, се слика само со наши проекти што ги нарекуваше криминални

t

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Сител оцени дека владата на ВМРО-ДПМНЕ нема сопствени резултати и дека единственото нешто што го прави е да се фотографира со проекти речиси завршени од претходната власт.

„Во секој сегмент има недоволна работа на владата, освен што се сликаат со проекти во делот на инфраструктурата кои се започнати во наше време. Ако и да потсетам, ги критикуваа дека се криминални.“

Филипче потсети на апсурдот дека Владата денес се фали со автопатот што го оцени како најголем криминал.

„Автопатот со Бехтел и Енка беше најголемиот епски криминал кој се случил во државата. Беше надзорот компанија за чорапи, па ќе го раскинуваа, а сега се фалат со тие проекти.“

Филипче направи паралела со постигнувањата на претходната влада во која беше министер и дел од раководството, истакнувајќи конкретни резултати:

„За платите да не зборуваме, ги споменавме – практично дуплирани. Триплирани во здравството. За 300% зголемени на социјалната помош. Инфраструктура во Источна Македонија, па тоа беше изумрен регион а асега цела Источна Македонија се поврза со патишта.“ – рече Филипче.

Тој се осврна и на автопатот Кичево–Охрид, проект започнат од ВМРО-ДПМНЕ, кој според експерти бил „покриминален од Скопје 2014“:

„Не успеавме да го завршиме започнатиот пат Кичево–Охрид, автопатот, кој што според кажувањето на експертите е покриминален проект од Скопје 2014. Ама тоа експертите нека кажуваат.“ – заврши Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Кога Мицкоски ќе појде во Гостивар…

Од СДСМ преку соопштение упатија критики кон…

Савески да постапи по кривичните пријави од…

Поминаа повеќе од пет недели од здравствената…

СДСМ побара анализи за водата во Гостивар,…

Откако СДСМ побара да се објават анализите…

Манасиевски: Филипче на одмор кај Заев во…

Венко Филипче, преостанатиот талог од СДС, со…