Индискиот премиер Моди ја одби поканата на Трамп за средба во Вашингтон, и отпатува во Хрватска
Индискиот државен секретар за надворешни работи Викрам Мисри денеска изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп го поканил индискиот премиер Нарендра Моди да ги посети САД по самитот на Г7 во Канада.
Сепак, како што пишува Тајмс оф Индија, Моди ја одбил поканата, наведувајќи ги претходните обврски.
„Трамп го праша премиерот Моди дали може да ги посети САД по враќањето од Канада; сепак, премиерот изрази неможност да го стори тоа поради претходните ангажмани“, рече Мисри.
По завршувањето на неговата посета на Канада, негова прва по десет години, премиерот Моди отпатува во Загреб , со што стана првиот индиски премиер што доаѓа во официјална посета на Хрватска
Иако Трамп предвреме го напушти самитот на Г7, тој и премиерот Моди одржале телефонски разговор на барање на Трамп, а тема на разговорите била актуелниот израелско-ирански судир и неодамнешните тензии меѓу Индија и Пакистан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Индискиот премиер Моди ја одби поканата на…
Индискиот државен секретар за надворешни работи Викрам…
Ирански министер: Израелските напади немаше да се…
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи,…
Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…
Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…
Голем пад на рејтингот на Трамп
Од март оваа година актуелниот претседател на…
Брижит Макрон и Доналд Трамп не го…
Првата дама на Франција Брижит Макрон предизвика…