Инспектори на Град Скопје ФИЗИЧКИ НАПАДНАТИ при надзор на дива депонија во Шуто Оризари!

t

Инспектори на Град Скопје биле физички нападнати при вршење на надзор на дива депонија во Шуто Оризри, дознава Инфомакс. Според нашите информации се работи за лица блиски до градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш.

Лицата физички го нападнале инспекторот и го попречиле во вршење на неговата службена должност.

Од МВР за Инфомакс го потврдија настанот, но не одговорија дали станува збор за градоначалникот на Шуто Оризари.

– На 11.02.2025 околу 10.30 часот З.Г., инспектор на Град Скопје, пријавил во СВР Скопје дека на ул.2бб во близина на дива депонија, при вршење на службени дејствија за вршење на надзор и подигање на мостри, дошле две лица и еден од нив почнал да ги навредува него и неговите колеги и да им се заканува и го попречувал земањето на мостри, потврдија од МВР за Инфомакс.

Во Шуто Оризари градоначалникот си носи отпад од општината во неговаличнокреирана дива депонија, откри претходно градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

– Градончалникот си направил дива депонија, таму наплаќа средства за истурање на смет од страна на комуналното претпријатие на Општината. Фатен е во криминал, има записници и се поднесува кривична пријава, истакна Арсовска која нагласи дека ќе остави на ОЈО да излезат на терен и да проверат како се наплаќа за смет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Парада на гордоста во Скопје на 21…

Шестата по ред Парада на гордоста ќе…

Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…

Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…

Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…

Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…

Изгорел склад за градежни материјали во Скопје

Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…

Невреме со дожд и град го зафати…

Попладнево Скопје беше зафатен од силно невреме…