Институтот за јавно здравје со препораки за здрав и квалитетен сон при топло време
Институтот за јавно здравје со препораки за здрав и квалитетен сон при топло време.
Во жешките ноќи, нашето тело станува тешко да го најде топлинскиот баланс и тоа значи дека тешко ќе заспиеме. И топлото време може да предизвика повеќе прекини во сонот во текот на ноќта, правејќи ги луѓето да се чувствуваат поуморни следниот ден.
Создадете добар ритам на сон: Легнете порано-станете порано.
Идеалната собна температура за спиење е помеѓу 19-21°С. Ноќната облека како постелнина, прекривки и пижами помагаат да се создаде микроклима околу нашата кожа која ја одржува оваа идеална температура. Затоа, ако прекривката со јорган е премногу, може да се претпочита тенок чаршаф за подобар ноќен сон.
Изберете широка и памучна облека.
Отворањето на прозорците исто така може да помогне ако дува благо ветре (доколку има соодветна заштита од инсекти), но надворешната бучава понекогаш може да биде негативен фактор за квалитетен сон. Пред спиење туширајте се со млако или ладно туширање или мијте ги вашите раце, нозе, лице и врат за полека да ја намалите телесната температура.
Избегнувајте алкохол, кофеин и зачинета храна навечер – тие ја зголемуваат температурата на вашето тело, дирузеата (мокрењето). Следствено, почесто будење, понеквалитетен сон и недоволно спремни за утрешниот топол ден.
Испијте најмалку една чаша вода пред спиење и чувајте во ваша близина вода во текот на ноќта.
Бидете информирани за топлотните бранови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Многу јако: Цигари, патики, штрафилици –…
За време на продолжениот викенд и во…
Гренел: Албин Курти е проблем и сите…
Американската амбасада во Приштина синоќа соопшти дека…
Филипче го повика Мицкоски веднаш да ги…
Доколку Мицкоски поседува било какви информации за…
Братот на заменикот на Тошковски имал врски…
Не стивнуваат контроверзите околу „чесните кадри“ и…
Вјоса Османи носела торба полна пари и…
Извори на Инфомакс од аеродромот во Скопје…