Интернетот во Иран е целосно исклучен повеќе од 84 часа
Интернетот во Иран е целосно исклучен повеќе од 84 часа, според податоците на меѓународната служба за следење на интернетот NetBlocks.
„Податоците од мрежата покажуваат дека Иран е исклучен од интернетот повеќе од 84 часа“, соопшти NetBlocks на X, предупредувајќи дека „пристапот до отворен интернет е спас во времиња на криза, а прекинот на интернетот покажува непочитување на правото на јавноста да остане информирана и да се ангажира во иднината на својата земја“.
Соединетите Американски Држави и Израел во саботата почнаа серија напади врз цели во Иран, вклучувајќи го и Техеран, предизвикувајќи материјална штета и цивилни жртви. Иран одговори со ракетни напади врз израелска територија, како и врз американски воени објекти на Блискиот Исток.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Интернетот во Иран е целосно исклучен повеќе…
Интернетот во Иран е целосно исклучен повеќе…
Израел: Висок командант на иранските сили Кудс…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) го убија врховниот…
Револуционерната гарда на Иран соопшти дека има…
Револуционерната гарда на Иран соопшти дека има…
Синот на Хамнеи е нов ајатолах, Израел…
Моџтаба Хамнеи, синот на убиениот ирански врховен…
(Видео) Нема единство во НАТО по прашањето…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска…