Инфлацијата во Еврозоната изнесува 2,4% во април

t

Инфлацијата во еврозоната се задржа на 2,4 отсто во април, бидејќи економијата се врати на растот во првиот квартал, покажуваат прелиминарните податоци објавени во вторник.

Главна инфлација од 2,4 отсто беше во согласност со прогнозите на економистите анкетирани од Ројтерс. На месечно ниво, инфлацијата изнесува 0,6 отсто. Ова е седми последователен месец во кој вкупната стапка на инфлација е под три проценти, и покрај благото зголемување на стапката во декември поради цените на енергијата, пренесува CNBC.

Базичната инфлација, која ги исклучува цените на енергијата, храната, алкохолот и тутунот, падна на 2,7 отсто од 2,9 отсто во март. Влијанието на пониските цени на енергијата на годишно ниво дополнително беше ублажено на негативни -0,6 отсто наспроти -1,8 отсто во март. Зголемувањето на цените на услугите, клучен показател за Европската централна банка, се намали на 3,7 отсто од четири отсто.

Бруто домашниот производ порасна за 0,3 отсто во првите три месеци од годинава, нешто подобро од очекувањата на економистите. БДП за четвртиот квартал од 2023 година беше ревидиран од стагнација на пад од 0,1 отсто, што значи дека еврозоната беше во техничка рецесија во втората половина од минатата година.

Се зголемуваат очекувањата на пазарот дека ЕЦБ ќе започне со намалување на каматните стапки од следниот состанок за монетарната политика на 6 јуни. Пазарните податоци во моментов покажуваат дека постои речиси 70 отсто веројатност за намалување во јуни.

Неколку претставници на ЕЦБ потврдија претходно овој месец дека очекуваат намалување на каматните стапки во јуни, наведувајќи ја потребата да се спречи прекумерното забавување на економијата на еврозоната. Тие, исто така, предупредија на ризиците од растот на цената на нафтата и нестабилноста на Блискиот Исток.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Благ пораст на инфлацијата во Еврозоната

Благиот пораст на инфлацијата во еврозоната, на…

Ова е тоа „има и полошо“? Инфлацијата…

– Цените во Аргентина пораснаа толку драматично…

Годишната стапка на инфлацијата во Македонија во…

Годишната стапка на инфлацијата во Македонија во…

Инфлацијата во Еврозоната изнесува 2,4% во април

Инфлацијата во еврозоната се задржа на 2,4…

Хрватска очекува поголем економски раст од просекот…

Економијата на еврозоната веќе некое време е…