Инфлацијата повторно “зема замав” во Германија

t

Инфлацијата благо се намали во декември поради државните субвенции во Германија, но во јануари се врати на „жешките“ 8,7 отсто. Најмногу поскапеа енергенсите и храната, што најсериозно ги погодува домаќинствата со помали примања, јавува ДПА.

По ублажувањето кон крајот на минатата година, инфлацијата повторно се вжешти во јануари, објави денеска германскиот завод за статистика. Годишната стапка на пораст на цените на мало забрза на 8,7 отсто, од 8,1 во декември. Во ноември годишната стапка на инфлација изнесуваше 8,8 отсто.

Инфлацијата во декември за кратко се намали бидејќи државата го презеде плаќањето на сметките за гас и парно за домаќинствата и деловните субјекти. Сепак, ефектот траеше само тој месец.

„Забележавме пораст на цените на многу артикли во трговијата и почесто услугите. Домаќинствата особено го почувствуваа поскапувањето на енергијата и храната во јануари“, изјави претседателот на институтот Рут Бренд.

Приватните потрошувачи платиле енергија за 36,5 отсто повеќе отколку во јануари минатата година. Во тој период гасот поскапе за 51,7 отсто, нафтата за греење за 30 отсто, парното греење за 26 отсто, а струјата за 25,7 отсто.

Најмалку поскапе горивото за автомобили, седум отсто под општата стапка на инфлација. Храната минатиот месец беше поскапа за 20,2 отсто отколку 12 месеци порано. Затоа, цените во тој сегмент се зголемени повеќе од двојно за една година.

Месечната стапка на инфлација во јануари изнесуваше еден процент. Економистите не очекуваат пошироко ублажување на инфлацијата годинава и прогнозираат раст од шест отсто на цените на стоките и услугите во малопродажбата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се урна хотел во Германија: Едно лице…

Едно лице е пронајдено мртво, а осум…

Благ пораст на инфлацијата во Еврозоната

Благиот пораст на инфлацијата во еврозоната, на…

Курсна листа: Еве колку чинат валутите денес

Според курсната листа на НБРМ средниот курс…

Татко и син учествувале во нелегални трки,…

Двајца мажи, за кои се верува дека…

(Видео) Битиќи: Во најава е „Франкенштајн економија”, …

„Наместо фискална консолидација, имаме тотална фискална деструкција.…