Објавено на:

Иранките ќе можат да присуствуваат на машки фудбалски натпревари

t

На Иранките ќе им биде дозволено да присуствуваат на натпревари на машкото фудбалско првенство, изјави денеска претседателот на Иранската фудбалска федерација Махди Таџ.

Машкото првенство со 16 екипи треба да почне во август.

Во Иран повеќе од 40 години им е забрането на жените да присуствуваат на машките фудбалски натпревари, бидејќи не им е дозволено да бидат во машко друштво и да видат мажи во спортска облека.

Во исклучителни прилики, на жените им беше дозволено да присуствуваат на натпревар од фудбалското првенство. Околу 4.000 Иранки присуствуваа на квалификацискиот натпревар за Светското првенство во 2022 година против Камбоџа на стадионот Азади во Техеран во октомври 2019 година, првпат од револуцијата во 1979 година. /МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шекеринска: Без дијалог Белград–Приштина, нема напредок кон…

Заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, во…

За британската гаранција, азилантите, кредитот за брзата…

Шансите Македонија да добие комерцијален кредит со…

Синдикат на културата: „Плата нема“ – новото…

„И понатаму две институции од областа на…

Мицкоски: Не почнавме од нула, почнавме од…

Премиерот Христијан Мицкоски на трибина пред граѓаните…

Tрагедија на Халкидики: Младо момче од Македонија…

Деветнаесетгодишно момче од Македонија трагично го загуби…