Објавено на:

Иранската хакерска група „Homeland Justice“ ѝ се заканува на Албанија

t

Во екот на ескалацијата меѓу Иран и Израел, иранската хакерска група „Homeland Justice“ упати заканувачка порака до Албанија, повикувајќи се на присуството на членовите на иранската опозициска организација МЕК во кампот во Манза.

Преку соопштение објавено на Телеграм, групата директно порача: „Иранците имаат право да го нападнат кампот во Манза со ракети“. Заканата доаѓа само неколку дена по почетокот на отворениот судир меѓу Иран и Израел минатиот петок.

Покрај вербалната закана, групата извршила и сајбер-напад врз веб-страницата на Градската управа на Тирана, што дополнително ја зголеми загриженоста кај албанските власти.

Ова не е првпат „Homeland Justice“ да таргетира државни институции во Албанија. Претходно, истата група неовластено пристапуваше до чувствителни системи и објавуваше лични податоци на албански граѓани, предизвикувајќи сериозна безбедносна криза.

Албанија од 2013 година е домаќин на членовите на МЕК (Mujahedin-e-Khalq), иранска опозициска организација во егзил, која Техеран ја смета за терористичка. Официјалните власти засега не ја коментираат последната закана, но безбедносните мерки околу кампот во Манза се засилени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иранската хакерска група „Homeland Justice“ ѝ се…

Во екот на ескалацијата меѓу Иран и…

Драма во Лазарополе: Баран криминалец фрлал предмети…

На 21.06.2025 во 21.30 часот во Полициското…

Иранската револуционерна гарда испрати предупредување до американските…

Иранската револуционерна гарда испрати предупредување до американските…

Трамп повторно проговори за нападот врз Иран

По американскиот воздушен напад врз три ирански…

Иранскиот претседател вети одговор на нападот на…

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска вети „одговор“…