Иран за првпат има жена кандидат за претседател на државата

Зохре Елахиан стана првата жена што се пријавила за претстојните предвремени претседателски избори во Иран по смртта на претседателот Ебрахим Раиси во хеликоптерска несреќа.
Според иранската агенција Мехр, Елахиан најавила дека мотото на нејзината влада ќе биде „Здрава влада, здрава економија, здраво општество“.
Поранешниот претседател на иранскиот парламент Али Лариџани во петокот ја објави својата кандидатура за претседател на Исламската Република. На Лариџани му беше забрането да се кандидира на претседателските избори во 2021 година врз основа на одлука на Советот за чувари на Исламската револуција, кој ги проверува кандидатите.
Меѓу кандидатите кои денеска се пријавија за претседателските избори е и поранешниот гувернер на иранската централна банка Абдолнасер Хемати.
Во четвртокот во Иран започна пријавувањето на кандидатите за претседателските избори закажани за 28 јуни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На барање на САД Ирак го запира…
Ирак денеска ќе го запре увозот на…
Иран ги одби САД: Техеран нема да…
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи…
Русија е подготвена да посредува меѓу САД…
Москва смета дека Вашингтон и Техеран треба…
САД воведоа санкции против шест субјекти од…
Соединетите Американски Држави воведоа санкции против шест…
(Видео) Во Иран жена го соблече хиџабот…
Сензација предизвикува снимката од моментот кога жена…