Иран со предупредување до Израел: Ќе одговориме на вашите криминални дејства
Министерството за надворешни работи на Иран денеска соопшти дека земјата нема да ги остави криминалните дејства на Израел без одговор.
„Иран нема да остави без одговор на ниедно од злосторничките дела на Израел“, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канани, на денешната прес-конференција и прецизира дека станува збор за ликвидации на лидерот на Хезболах, Саид Насралах, и на заменик-командантот на Иранската револуционерна гарда, Абас Нилфорушан, во Либан, јавува „Ројтерс“.
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан ги осуди израелските напади врз регионалните сојузници на Техеран наведувајќи дека на Израел не треба да му се дозволи да ги напаѓа земјите од иранската оска на отпор една по друга и предупредувајќи дека таквите акции нема да останат без одговор.
Пезешкијан рече дека Иран мора да го поддржи Либан откако Израел ја нападна таа земја, објавија иранските државни медиуми, објави претходно британската агенција.
Си-ен-ен објави дека неименуван американски функционер рекол дека администрацијата на Бајден е загрижена дека Иран може да го нападне Израел по убиството на лидерот на Хезболах, Хасан Насрала.
Извор на Си-ен-ен наведува дека во тек се подготовки за заедничка одбрана, а медиумите без прецизни податоци оценуваат дека тука спаѓаат „промени во воената позиција на Соединетите Американски Држави“, објави „Тајмс оф Израел“.
Во април коалицијата на САД, Велика Британија, земјите од Персискиот Залив, Египет и Јордан му помогнаа на Израел речиси целосно да спречи масовен воздушен напад од Иран, објави медиумот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран со предупредување до Израел: Ќе одговориме…
Министерството за надворешни работи на Иран денеска…
Ковачев за понудената помош од Орбан: Нема…
Нема да се укине единствената преговарачка рамка…
Тошковски: Доколку има предизвици насочени кон дестабилизација,…
Министерството за внатрешни работи е подготвено да…
Уставен суд: Се прекинуваат постапките за вработување…
Уставниот суд на Република Македонија објави нови…
СЗО: Продолжува да расте бројот на случаи…
Бројот на случаи на Мпокс продолжува да…