Иран со предупредување: Ќе одговориме на новите санкции и на непријателската политика на Западот
Иран се закани дека ќе преземе мерки како одговор на новите санкции што ги најавија Велика Британија, Германија и Франција против Техеран негирајќи ги наводите дека ѝ доставувал балистички ракети на Русија за да ја нападне Украина.
„Оваа акција на трите европски земји е продолжување на непријателската политика на Западот и економскиот тероризам против иранскиот народ“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Насер Канани.
Тој додаде дека „Исламската Република Иран ќе одговори на соодветен и пропорционален начин“, без да прецизира за кои мерки станува збор.
Канани уште еднаш ги отфрли тврдењата дека Иран ѝ испорачувал оружје на Русија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ВИДЕО) Мајка од Кочани на лицето си…
Мајка на син кој бил диџеј во…
ГАЛЕРИЈА + ВИДЕО: Улиците на Белград се…
Во Белград започна собирот за протестот „Се…
Пронајдена удавена жена во Дебарско Езеро –…
Жена на околу 40-годишна возраст се удавила…
На ГП Табановце се чека околу 15-30…
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор…
Мајстор наплати 100 евра за 10 минути…
Недостигот на занаетчии и растечките цени на…