Искршен штаб на СДСМ во Градско, партијата бара Тошковски да постапи без партиски директиви

t

Кампањата и изборниот процес секојдневно се нарушува со некакви инциденти, провокации или злоупотреби на институциите кои наместо за граѓаните се ставени во функција на ДПМНЕ. – се вели во соопштение до јавноста од СДСМ.

Синоќа се искршени стаклата на изборниот штаб на СДСМ во Градско. Овој насилнички и вандалски чин го покажува стравот на власта од изборен пораз во Градско.

Бидејќи нема што да им понуди на граѓаните ДПМНЕ прибегнува кон валкани методи и кршење на демократските стандарди.

СДСМ порачува дека било какви обиди за заплашување на граѓаните или членовите се јалови и неуспешни.

Му порачуваме на ДПМНЕ дека никој не им се плаши. Ги повикуваме јавно, барем еднаш, истрчајте чиста изборна трка, без подметнувања, без инциденти.

Бараме МВР и Панче Тошковски да не ги штитат насилниците, туку веднаш да постапат, без партиски директиви, МВР да го расчисти случајот до крај и сторителите да одговараат.

СДСМ ќе продолжи достоинствено, мирно и храбро да ја води кампањата затоа што оваа борба е за нашата држава, за нашиот дом, за Македонија.

Од народната волја бегање нема а изборен пораз не се брани со камења, тоа досега требаше да го научите. – додаваат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Искршен штаб на СДСМ во Градско, партијата…

Кампањата и изборниот процес секојдневно се нарушува…

Филипче: Оваа земја заслужува јасен пат, стабилност…

„Денес гледаме власт што не знае што…

Филипче: Патриотизам не е да создадеш лажна…

Вечерва од Прилеп каде се одржа граѓанската…

Филипче до Мицкоски: Или сфати дека си…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на…

(Видео) Филипче: Власта создава економски хаос, над…

„Државата не ги исплаќа своите обврски и…