Филипче: Оваа земја заслужува јасен пат, стабилност и достоинство
„Денес гледаме власт што не знае што значи државност. Власт што секој ден го понижува трудот на обичниот човек, што се однесува со институциите како со партиски штабови. И кога ќе ги слушнете нивните празни говори, запомнете едно – луѓе без визија и резултати секогаш зборуваат најмногу за минатото и за противникот, затоа што резултати немаат, а иднината им е неизвесна,“ порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче на граѓанска трибина на СДСМ и Коалицијата „Се бориме за нашиот дом”, која синоќа се одржа во Прилеп.
Тој нагласи дека по повеќе од една година власт, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски покажале целосна неспособност и отсуство на план и визија за државата.
„Мицкоски во своите говори нема што да каже. Се однесува како опозиционер после година и пол власт. Немаат проекти, немаат план, немаат идеја. И затоа измислуваат предавници, непријатели, куферчиња и приказни за мали деца. Се надеваат дека само така можат да преживеат во маглата на конфузијата и стравот,“ истакна д-р Филипче.
Лидерот на СДСМ порача дека државата и граѓаните заслужуваат многу повеќе – стабилност, достоинство и одговорна власт што решава проблеми, а не создава кризи.
„Но Македонија не смее да живее во магла. Оваа земја заслужува јасен пат, стабилност и достоинство. Заслужува политичари што ќе решаваат проблеми, што нема да зборуваат за хибридни напади, дронови и жолти комбиња, што нема да им бидат криви вештачки скакулци за пожарите. Политичари кои нема да ги игнорираат криците на незадоволните, туку политичари кои гради во гради ќе се соочат со проблемите, кои ќе наведнат глава пред граѓаните и ќе знаат кој ги избрал и на кого му служат,“ им порача д-р Филипче на присутните на граѓанската трибина во Прилеп.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Платформата е поврзана со власта, ѝ…
СДСМ остро реагираше на денешното јавно претставување…
Платформата “12.05“ подготвува опозициски фронт со СДСМ…
За да се победи актуелната власт потребно…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче…
Пензионерите денес имаат конкретени резултати кои што…
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си ги мерат „АРМИИТЕ“…
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ денес повторно…
ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче му смета секој успех…
Филипче денес се најде да зборува за…