Историска балканска каша: Бугарите го направија Бугарин, сега српска Телеграм група тврди дека Скендербег не е Албанец туку Србин

t

Српска група на Телеграм вели дека Скендербег не бил албански, туку српски народен херој и ги обвинуваат и дел од српските медиуми заради нивната класификација на Скендербег како Албанец.

– За жал, сведоци сме на приказни за тоа како Ѓерѓ Кастриот Скендербег е наводно албански национален херој! Често имате можност да слушнете како српските медиуми го класифицираат еден од најголемите српски средновековни херои како албански национален херој. Се разбира, ова е апсолутна лага!

За да бидете навистина сигурни во националноста на една личност, треба само да ги напишете имињата на неговото потесно семејство, а ние ќе ви ги претставиме само најблиските:

Прадедо – Комнин
Дедо – Павле
Татко – Јован (погребан во манастирот Хиландар)
Мајка – Воислава Бранковиќ
Браќа – Станиша, Костадин и Репош (погребани во манастирот Хиландар)
Сестрите – Мара, Влајка, Ангелина, Јелена и Мамица
Син – Јован II

Сите албански имиња сами по себе.

Нашиот витез ја ожени својата сестра за Стеван Црнојевиќ, господарот на Зета, од кого го зема црниот двоглав орел како свој хералдички знак заснован на семејните права.

Таткото на Ѓерѓ, Јован и братот Репош, биле погребани како ктитори во српскиот манастир Хиландар, акросолиум, северниот ѕид на нартексот на кралот Милутин во Хиландарската катедрала. Според достапните податоци, Репош живеел извесно време, а потоа умрел како лаик во Хиландар.

Ѓерѓ Кастриот Скендербег, по бегството од исламското ропство, како великосрпски водач херојски се борел за возобновување на православната татковина во Епир, каде според некои информации имал и до 65 победи во меѓусебните битки без пораз против освојувачите. – пишуваат во Телеграм групата.

Дека на Балканот од историјата се прави каша и начин да се зграби што повеќе од другиот доказ е и овој случај, а треба да се спомене дека претходно и бугарски историчари го оспоруваа Скендербег, тие тврдеа дека е Бугарин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Франс прес за протестите во Македонија и…

„Од улиците на Белград во Србија до…

„Кој е следен?“ демантираат: Не сме дел…

Не сме дел од никаква група за…

Вучиќ најавува контрапротести низ Србија со кои…

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави формирање на…

Уневрзитетскиот клинички центар Србија ја соопшти најновата…

Д-р Милан Стојичиќ, директор на Клиниката за…

Молитва за жртвите во Кочани во храмот…

Српскиот патријарх Порфириј одржа синоќа во храмот…