“Историска” средба на министрите за надворешни работи на членките на ЕУ во Киев
Шефот за надворешна политика на Европската унија, Жозеп Борел, објави дека сите министри за надворешни работи на Унијата првпат се среќаваат надвор од нејзините граници, во главниот град на Украина, Киев.
„Овде во Украина, земја кандидат и идна членка на ЕУ, свикуваме историски состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ. Тука сме да ја изразиме нашата солидарност и поддршка на украинскиот народ“, напиша Борел на социјалните мрежи.
Средбата не беше однапред најавена од безбедносни причини. Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба ја поздрави оваа прва средба на неговите европски колеги во Киев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонска амбасада во Израел: Затворен аеродромот во…
Од македонската амбасада во Израел информираат дека…
Захарова: Русија е подготвена да го реши…
Разговорите меѓу Русија и Украина се движат…
Трамп изјави дека гледа „мал напредок“ во…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека гледа…
Путин откри што бара од Украина
Русија не бара капитулација на Украина, туку…
Мурати: Македонија некогаш беше пример на надеж…
Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ денеска…