Историско соочување: Бугарскиот мегаетникум научно соголен и аргументирано разобличен
Историско соочување: Македонија и Бугарија, вчера, денес и утре(2.)
Бугарскиот мегаетникум научно соголен и аргументирано разобличен
На научниот симпозиум на тема “Македонија и Бугарија меѓу минатото и сегашноста“, одржан на 26. 04. 2022г., Скопје, во организација на Социјалистичката партија на Македонија, Проф. д-р Митко Б.Панов, поднесе научен труд насловен “Средновековието како фудамент на политиката на Бугарија за македоското прашање“. Почитуваниот професор Панов изнесе многу интересни ставови за предметната тема темелени на неговото истражување. Тој со синтетизирање на истраженото и користејќи конкретен аналитички метод и сеопфатна историска и содржинска компарација, најпрвин ги става на увид бугарските ставови во врска со македонското прашање, а потоа аргументирано со факти ги разобличува до соголување и одважно ги побива.
Професорот Панов за таа цел темелно ги проучил пишувањата на следните историчари, слависти, писатели и бугарски институции:
Рускиот славист Јуриј Венелин(1802 – 1839) и неговата книга “Древните и денешни Бугари со политичките, етногафските и религиските односи со Русите“(1829г.), кој ја поставил теоријата дека Бугарите и Хуните се еден ист народ, според кој нема место во бугарската историја за цар Самуил, па така тој останал заборавен
Рускиот писател и историчар Александар Велтман(1800 – 18700 и неговата книга “Рајна бугарската кралица“(1843), се залагал за “сојуз на Русија со Бугарија“, а Самуил го нарекол “грозен црнокос Ерменец“;
Рускиот историчат и славист Осип Бодјански(1808 – 1877), кој бил професор и имал големо влијание на истражувачките насоки на неговите студенти Захари Књазески, Љубен Каравелов, Марин Дринов и Спиридон Палаузов, кои подоцна криво ги насадиле основите на бугарската историографија во поглед на македонското прашање, а самуиловото царство го дефинирал како дисконтинуитет на бугарските традиции по 971г.;
Рускиот историчар од бугарско потекло Спиридон Палаузов(1818 – 1872), со книгата “Векот на бугарскиот цар Симеон“(1852), кој го поставил историографскиот проблем во врска со бугарското потекло на цар Самуил, кој дотогаш бил занемаруван од бугарската историографија и третиран како нерелевантен; Рускиот славист, дипломат и идеолог на пан-словенскиот проект, Александар Гилферднинг, кој го поврзал потеклото на Бугарите со Уралското или Турско племе, сродни на Хуните, кој е главен бугарски ментор за нивно претопување во “Словениски бугари“, но забележал и дека “Македонија е татковина на словенската писменост, на Македонските словени како племе, на кое Кирил првично ги наменил своите дела“. тоја ја докажува директната врска на Русија со Македонија и словенската писменост, а со тоа и со христијанството(Ете во оваа грмушка лежи историскиот зајак, за кој Бугарите низ историјата се потепаа и испогинаа, ама никако да го фатат);
Бугарскиот трговец Васил Апроилов, кој во славната бугарска историја на пиедестал ги ставил царевите Борис, Симеон, Петар и Асанов, а го исклучил Самуил;
Идеологот на бугарското национално движење Георги С.Раковски, кој ги глорифицирал Борис и Симеон, а целосно го исклучил Самуил од историската меморија на Бугарите, ја развил “индиската теорија“ за потеклото на Бугарите, поистоветувајќи ги со Аријците од Хиндустан, и ја истакнал јаката врска со Русија; Гаврил Крастевич, кој во неговата “Бугарска историја“ од 1869г. ја реактуелизирал идентичноста на Бугарите и Хуните како Словени;
Првиот професионален бугарски историчар Марин Дринов(1838 – 1906), кој ја оспорувал хунската теорија за потеклото на Бугарите, тврдејќи дека тие биле финско или балтичко племе, како и тезата дека бугарската хорда се претопила во “словенското море“, и “великиот Самуил“ повторно го вратил во игра; Чешкио историчар Константин Јиричек, кој како министер во бугарска влада ја конструирал и институционализирал националната историја;
Васил Златарски, кој го заокружил дефинитивното оформување на бугарскиот национален наратив за средновековието и ја поставил својата сеопфатна нарација за Самуиловата држава;
Публикацијата на БАН “Официјалниот јазик на Република Северна Македонија“(2020); и
Најновата колективна публикација “Бугарија и Македонија, историја и политика – еден народ(2021), од авторски тим раководен од академик Георги Марков, во која авторите претендираат да го докажат, по илјадити пат неуспешно, историскиот континуитет на етничките Бугари во Македонија од 6 век, но и да ги конструираат директните релации на Самуил со пробугарската династија на Ханот Крум.
Мора да се признае тешкотијата само да се напише сиот овој историски галиматијас, кој наликува на посебен, специјален вид карам-каша, а не на сериозна, објективна и на историски факти фундирана историографија. Секако уште поголема “уметност“ е сето тоа да се смисли, да се конструира, да се извлече од средновековната историска бугарска магма и магла, да се спакува во “најшарени обланди“ и да се пласира на историскиот “пазар“.
Острото око на професор Панов го согледало оваа бугарска историска шарада, неговото будно рацио и здравата и валидна логика објективно ги изанализирало сите посочени писаниа, и со прониклив ум констатирал и заклучил:
1.) Откривањето и конструирањето на историскиот генетски код на Бугарите од средновековието се одвивало под директно влијание на Русија и нејзините историчари, дипломати и писатели;
2.) Подоцнежното реоткривање на истата таа материја било подредено на поставувањето на руската историска врска со словенството, писменоста и христанизазијата, кои биле лоцирани во Македонија(Ете од таму Бугароте “не ја даваат Македонија“, зошто без неа ќе останат со празни раце и прстот во уста – без историја);
3.) Изнедрен е и проектот Голема Бугарија(“историски монструм“ како штетен балкански мегаетникум), кој историски треба да го легитимира руското присуство на Балкканот;
4.) Екиваленцијата на термините Македонија/Македонци со Бугарија/Бугари, е конструирана од руските истражувачи уште во првите децении на 19-от век;
5.) Подоцна ова “равенство“ Македонци/Македонија = Бугари/Бугарија, е експлоатирано и злоупотребено од бугарските националисти, кои неуморно, веќе трет век неуспешно се обидуваат да ги легитимираат своите територијални претензии кон Македонија, со крајна цел наметнување на бугарската “национална свест“ на Македонците, идентификувајќи ги како “македонски Бугари“.
Со овие логични заклучоци, професор Панов, професионално и одважно, ја открива “тајната врска“(“Има нека тајна веза“) на важноста на средновековието во концептот “заедничка историја“, содржан во договорот за соработка и доборососедство, што пак значи дека тој е алатка за легитимирање на историските етнички претензии на Бугарија кон Македонија и се што е македонско.
Почитувани мои Македонци, да бидеме на штрек, и никогаш и под никакви услови политички да не ја легитимираме “заедничката историја“, бидејќи, како што вели проф. Панов, со тоа целосно ќе се лишиме од нашата национална историја и културно-историското наследство, поврзано со географска и историска Македонија. Во таа смисла е и опомената и предупредувањето на професор Панов, дека не смее да дозволиме Бугарите да направат историско деетнизирање на македонскиот народ, бидејќи дури тогаш ќе останиме без сопствена историја во минатото и без своја идентитетска посебност во сегашноста и во иднината.
Голема благодарност на проф. Митко Б.Панов, за неговото истражување, рентгенското детектирање, деталаната анализа и поучните и добронамерни заклучоци, во врска со македонското прашање и бугарската опасност по него, во смисла да ни го присвои и реши во нејзин интерес.
Сотир Костов
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарија богато ќе ги награди освојувачите на…
Владата во Софија на денешната седница донесе…
„Фајненшл тајмс“: Русија може да изврши нуклеарен…
Русија ја обучила својата морнарица да насочува…
Советот на Европа ја повикува Бугарија да…
Комесарот за човекови права на Советот на…
Детали за трагедијата во Бугарија: Детето го…
6-годишно дете го уби татко си во…
Трагедија во Бугарија: 6-годишно дете по грешка…
6-годишно дете по грешка го уби својот…