Историчарите бараат прекин на преговорите со Бугарија веднаш!

t

Обединување и прекин на разговорите на мешовитата комисија, побараа историчарите на денешната научна конференција по повод 150 години од раѓањето на Гоце Делчев организирана од Институтот за национална историја.

Разговорите се беспредметни, особено затоа што не постои ниту еден документ дека Гоце Делчев се борел за бугарските интереси. Како може заеднички да го чествуваме Делчев, кога за Бугарите тој се борел за Санстефанска Бугарија, а за нас за формирање на самостојна македонска држава, изјави денеска историчарот Тодор Чепреганов.

Чиј е револуционерот, вели тој, најдобро се гледа од колективната меморија, а Делчев го нема во меморијата на Бугарите.

Историчарот предупредува и дека е забележлива промена во наративот во Бугарија, каде сега се тврди дека Делчев се борел за македонските Бугари, иако досега велеа дека се борел за Бугарија.

Во Бугарската академија под покровителство на бугарскиот претседател Румен Радев, Делчев е именуван за апостол на слободата на македонските Бугари.

„Гоце Делчев е интимно вткаен во нашата душевност и нација и неговото дело е синонимно поврзано со нашата татковина. Гоце Делчев е наше минато и наша стварност, а наша завет е да ја реоткриеме вечната духовност“, порачаа учесниците на научниот симпозиум „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“, што денеска и утре се одржува во организација на Институтот за национална историја – Скопје.

Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје Никола Јанкуловски кажа дека Делчев е интимно вткаен во нашата душевност, во битот на нашата нација, заради што треба и на ваков начин, со суштински научни согледби да му се поклониме.

„Должни сме, но не само пред Делчев и историјата, туку и пред нацијата во чиј што код се вградени неговите мисла, идеја и дело, и пред времето идно. Овој собир им го должиме и на потомците имајќи предвид дека делото на Делчев е синонимно поврзано со нашата татковина, а таа не е во наша трајна сопственост и веќе им припаѓа на поколенијата што доаѓаат по нас. Всушност, нашата научна посветеност и поклонението пред гоцевото дело е траен генерациски завет“, изјави Јанкуловски.

Љупчо Коцарев, претседателот на МАНУ, повика на обединување за да прекине разнебитувањето на државата кое започнало со Преспанскиот и Договорот за добрососедство со Бугарија:

„Сегашниот однос на дел од политичарите, па дури и на историчарите спрема македонизмот предизвика вознемиреност затоа што таквиот однос ја исклучува иднината од минатото, ставајќи ја таквата иднина надвор од историската сензибилност. Македонија се наоѓа во противречна и конфузна положба денеска. За европската иднина за нас, треба да замислиме иднина без нас“, истакна Коцарев.

На конференцијата забележливо беше отсуството на историчарите, членови на Мешовитата комисија, но и на државниот врв. Премиерот Димитар Ковачевски испрати краток поздрав со кој им посака успешна работа на историчарите.

Имаше претставници од пониските ешалони на власта, а директорот на Македонски пошти промовираше марка со ликот на Гоце Делчев.

Конференцијата продолжува и утре, како и низа други активности со кои се одбележуваат 150 години од раѓањето на Гоце Делчев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЦУК: Без пожари на отворено, поплавен подвозник,…

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…

Украинските мажи нема да можат да вадат…

Украинската влада донесе одлука со која дополнително…

ДИК ГИ КОМПЛЕТИРАШЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ВЧЕРАШНИТЕ ИЗБОРИ:…

По скоро целосна обработка на гласачките ливчиња,…

Курсна листа на НБРМ: Колку чини еврото…

Според курсната листа на НБРМ средниот курс…

Денеска се празнува Свети Василиј Паријски

Овој добродетелен маж во времето на иконоборството…