Исто како кај нас – Во Србија ќе се градат 16 нови автопати и експресни патишта

t

Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија, Томислав Момировиќ денеска го отвори четвртиот српски Конгрес за патишта.

Министерот најави дека во Србија ќе се градат вкупно 16 нови автопати и експресни патишта.

„Ние сме на врвот на инвестицискиот бран во изградбата на патната транспортна инфраструктура во Србија. Во последните 10 години изградивме речиси 400 километри автопати и експресни патишта, што е рамо до рамо со развиените западноевропски земји“, рече Момировиќ.

„Така, приоритетите на министерството со кое раководам се јасни – изградба на модерна Србија на темелите на најмодерната инфраструктура“, рече Момировиќ.

Тој посочи дека од последниот собир во 2018 година е направена огромна работа во развојот на патната инфраструктура.

„Во овој момент има неколку проекти поважни од изградбата на патишта, бидејќи автопатите и брзите патишта носат ефикасен и безбеден транспорт на луѓе, поврзуваат региони и го зголемуваат потенцијалот на економијата“, рече тој.

Патниот транспорт во Србија, вели тој, е доминантен вид на сообраќај, кој сочинува околу 80 отсто од вкупниот обем на превезениот товар.

Тој посочи дека патната мрежа е една од најголемите капитални вредности во Србија и потсети дека Србија има близу 16.000 километри државни патишта од прв и втор ред, со 2.800 мостови, од кои близу 400 се мостови на автопатиштата.

Момировиќ напомена дека Србија го отворила Кластерот 4 во пристапните преговори на Србија со ЕУ, кој го вклучува поглавјето 21 – Трансевропски мрежи.

Тој нагласи дека ова е „потврда за инвестициите во инфраструктурата и нашата желба за подобра сообраќајна интеграција на Србија со соседните земји, вклучително и земјите членки на ЕУ.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…

Група од 25 членови на Српската академија…

Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…

Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…

Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…

Целта на Пекинг е да ги најави…

Германија бара од Србија да соработува со…

Германската амбасада во Приштина објави дека српските…

Тројца уапсени во Србија по пад на…

Во српскиот град Инџија, припадници на Министерството…