Истрагата за трагедијата во Кочани мора да заврши до 16-17 јуни, вели Коцевски

t

„Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши во законски предвидениот рок од 90 дена, односно до 16-17 јуни“, вели Државниот Јавен обвинител Љупчо Коцевски. На овој тежок и комплексен случај со 62 жртви деноноќно работат 13 јавни обвинители и со ваквиот интензитет на работа, истрагата според Коцевски ќе заврши навремено.

Тој во интервју за „Алсат“ посочи дека сега истрагата се работи за едно кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ и ЈО тргнува од денот на настанот, одејќи наназад до 2012 година, кога дискотеката почнува да функционира, откога се сторени пропусти, додека на крај на истрагата ќе се донесе обвинение во кое ќе биде образложено секое дејствие на секој потенцијален обвинет и ќе се утврди за кое точно дело евентуално може да се работи.

-Во конкретниот случај се опфатени неколку институциии. Дирекцијата за заштита и спасување, Општината како локална власт, Државен пазарен инспекторат и Министерството за економија, како издавач на лиценците. Секој имал одредени надлежности и тимот на јавни обвинители цени дека причинско-последичната врска е смрт на лицата кои биле во дискотеката. Пропусти што довеле до ова имало секоја година, што значи дека тие имаат еден каузалитет. Секоја година се пропуштале да се преземат одредени дејствија, појасни Коцевски.

Проширување на истрагата со нови лица, кои евентуално може да бидат осомничени и потоа обвинети, според Коцевски, може да се очекува до последниот ден на истрагата.

За вчерашната средба со родителите на семејствата на настраданите во пожарот, Коцевски рече дека дел од родителите поставиле одредени прашања кои им биле одговорени, нагласувајќи дека сето она што требало да им биде соопштено во оваа фаза, согласно закон, било соопштено.

-ЈО не е превентивен орган, туку репресивен. Обвинителството не може да постапува по допрен глас и да знае дали дискотеката има или нема одобрение за работа и дали таму се дистрибуираат наркотични средства… тоа е надлежност на МВР и другите институции. Откако МВР или другите институции ќе спроведат акција и доколку има евентуално елементи на некое кривично дело тогаш се известува Обвинителството, истакна Коцевски.

Во однос на обвинувањата за политичко водење на истрагата и за притворот на Крешни Бектеши, Коцевски, рече дека во никој случај обвинителскиот тим не држи без причина никој во притвор, ниту, како што рече, министерот Бектеши.

-Битно за притворот е дали може да влијае на сведоци, да ја повтори постапката и дали евентуално ќе се даде во бегство. Во конкретниот случај министерот, и не само тој, и дел од останатите осомничени се наоѓаат во притвор, но тоа не значи дека мора да останат во притвор. Се до моментот кога јавните обвинители ќе оценат дека има услови за определување притвор тие може да поднесат предлог и судот одлучува по тоа дали ќе определи или не, односно дали ќе го продолжи притворот или не, појасни Коцевски.

Прашан за тоа како гледа на фактот што ниту еден од актуелните министри во Владата не се обиде ниту да поднесе оставка од морални причини, Коцевски, рече дека тоа е нивна лична одлука и дека не може да коментира.

Во однос на случаите „Беса транс“ и „Модуларната болница во Тетово“, Коцевски рече дека Обвинителство и судот постапуваат по овие случаи и дека се ноаѓаат во второстепена постапка. Едниот предмет е укинат и повторно вратен во првостепена постапка, а другиот се чека одлука пред Апелација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Нема правда без одговорност на Тошковски…

Откако речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски…

ОЈО ќе организира средба со родителите на…

Откако за време на вчерашниот протест во…

Кочани ни е во фокусот, вели новиот…

Министерот најави амбициозен план за реформи во…

Мајка на загината во трагедијата во Кочани…

Мајка на загината во трагедијата во Кочани…

„Деко се криел во скривница додека децата…

Газда Деко се криел доле во скривница…