Исчезна маж од Струга: Отишол да бере печурки но не се вратил дома!

t

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1 685 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, во последното деноноќие. Од нив „реални“ повици биле 62,14%, а 37,86% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

ЦУК информира дека во последното деноноќие имало регистрирано седум пожари пожара на отворено на територијата на државата, покрај интервенциите за гаснење пожари во населени места. Конкретно, Регионалниот ЦУК Скопје, ја пренесува информацијата од БППЗ на Град Скопје, во која се наведува дека од 12.55 до 14.00 часот гаселе запалена ниска вегетација во с. Јурумлери (Општина Гази баба) на површина од 200 m2. Интервенцијата ја извршиле со 1 возила и 4 пожарникари, а од 14.50 до 15.50 часот гаснеле запалени суви лисја во ул. „Ферид Бајрам“ (Општина Бутел) на површина од 100 m2. Интервенцијата ја извршиле со 1 возило и 3 пожарникари.

РЦУК Штип, известува дека ТППЕ Виница од 11.00 до 14.00 часот со 1 ПП возило и 2 пожарникара интервенирале на запалено стрниште во с. Блатец. Опожарената површина изнесувала околу 1 хектар. ТППЕ Кочани, во период од 13.40 до 17.00 часот со 1 ПП возило и 2 пожарникара интервенирале на запалено ѓубре во градската депонија во Кочани.

РЦУК Тетово, известува дека ТППЕ Тетово од 18.30 до 19.10 часот со 1 ПП возило и 2 пожарникара интервенирале на запалено ниска вегетација кај наплатна рампа (патарина) Тетово-Гостивар.

РЦУК Куманово, известува дека од 18.20 до 20.40 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација, стрништа и грмушки во с. Виштица (Општина Липково).

РЦУК Битола, ја пренесува информацијата од ТППЕ Ресен во која се наведува дека во изминатото деноноќие имале една помала интервенција.

Регионалниот ЦУК Охрид, информира дека од Полициска станица Струга известиле дека има пријава на исчезнато лице од Струга, имено лицето К.М. од својот дом на 20.10.2024 год. се упатил во с. Брчево (Општина Струга) на берење печурки, но до овој момент не е вратен ниту можеле да воспостават контакт со истиот. Во полициската станица Струга како исчезнат го пријавил неговиот брат Љ. М.

Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека преку Единствениот број за итни повици Е-112 во 09:10 часот, е добиена пријава за пронајдени неексплодирани убојни средства (НУС) на ул. „Крушевска Република“ бр. 293 – Тетово. За опасноста од пронајдените НУС веднаш е известена ДЗС – Тетово за понамошна постапка, односно за нивно безбедно отстранување или уништување.

Регионалниот ЦУК Битола ја пренесува информацијата, од Министерство за одбрана, за реализација на бојно гаѓање денеска (22.10.2024 година), во време од 09.30 до 14.30 часот на стрелиштето ,,Леково”. При бојно гаѓање е забрането движење на лица и стока во реонот на стрелиштето. Истовремено, се предупредуваат сите лица после гаѓањето дека ако најдат неексплодирани зрна односно проектили да не ги допираат или преместуваат и за тоа да ги известат органите на МВР или командата на касарната во Прилеп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Исчезна маж од Струга: Отишол да бере…

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…

(Видео) Наместо на прес конференција, замина во…

Поранешниот претседател на Албанија и лидер на…

Почнаа минусните температури, во овој град утрово…

Денеска за прв пат беа измени минусни…

(Фото) Имало и чесни и искрени борци:…

Ситуацијата со власта најдобро ја опишува турската…

(Видео) Се бара оставка од Миленко Неделковски…

Чувствувам морална одговорност да бидам гласен каде…