Исчезна 12-годишно девојче во Хрватска
Во градот Годињак кај Нова Градишка вчера исчезна 12-годишното девојче Амела Јелениќ, соопшти денеска хрватското Министерство за внатрешни работи, повикувајќи ги сите граѓани доколку имаат некаква информација за ова дете, да се обратат до најблиската полициска станица.
Таа е родена на 7 октомври 2011 година во Нашице, а нејзиниот престој е во Годињак. Висока е 155 см, има кафени очи, а бројот на стапалото и е 36. Во моментот на исчезнувањето носела бел фустан со сини риги и бели патики.
Таа вчера во Годињак се упатила во непознат правец и оттогаш и се губи секаква трага, соопшти полицијата, заедно со фотографија од девојчето.
„Доколку имате информации за ова лице, ве молиме известете ја најблиската полициска станица или јавете се на 192. Информациите можете да ги доставите и преку е-маил адресата: [email protected]“, соопшти хрватската полиција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Страшни пожари ширум Хрватска!
Вчера и денеска во Хрватска, од Омиш…
Хрватска ќе издвојува поголем буџет за одбрана…
Хрватска планира да ги зголеми средствата за…
Хрватка се претставувала како директорка на банка,…
51-годишна жена од Хрватска лажно се претставувала…
Наместо на одмор, младите Босанци одат на…
Значително повисоките плати за истата работа, но…
Дедо-монструм, кој ги силувал внуците оставени кај…
77-годишен маж чиј идентитет не се открива…