Објавено на:

Исчезна 12-годишно девојче во Хрватска

t

Во градот Годињак кај Нова Градишка вчера исчезна 12-годишното девојче Амела Јелениќ, соопшти денеска хрватското Министерство за внатрешни работи, повикувајќи ги сите граѓани доколку имаат некаква информација за ова дете, да се обратат до најблиската полициска станица.

Таа е родена на 7 октомври 2011 година во Нашице, а нејзиниот престој е во Годињак. Висока е 155 см, има кафени очи, а бројот на стапалото и е 36. Во моментот на исчезнувањето носела бел фустан со сини риги и бели патики.

Таа вчера во Годињак се упатила во непознат правец и оттогаш и се губи секаква трага, соопшти полицијата, заедно со фотографија од девојчето.

„Доколку имате информации за ова лице, ве молиме известете ја најблиската полициска станица или јавете се на 192. Информациите можете да ги доставите и преку е-маил адресата: [email protected]“, соопшти хрватската полиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хрватска ги укинува класичните патарини, од 2027…

Хрватска од 1 март 2027 година воведува…

Во големиот пожар во Хрватска изгореа 106…

Во пожарот што во ноќта меѓу 13…

Емотивна фотографија од Хрватска — среде гаснење…

Пожарникарите од Корчула додека гаснеле пожари спасиле…

Температурни рекорди во Хрватска: Сплит 39,7, Дубровник…

Екстремната жештина во Хрватска собори температурни рекорди…

Сообраќаен колапс меѓу Хрватска и Црна Гора:…

На граничните премини меѓу Хрватска и Црна…