Објавено на:

Италијанска „Република“: НАТО разгледува можности за отстапување на украински територии на Русија

t

Претставниците на НАТО ги разгледуваат опциите за отстапување руски територии на Киев во замена за безбедносни гаранции и прием на Украина во Алијансата, пишува италијанскиот весник „Република“.

Во написот се наведува дека ваквото сценарио не се предлага во официјални разговори, туку неформално и станува се пореално, особено пред изборите во САД. Тој тип на сценарио експертите го сметаат за најприфатливо за ставање крај на конфликтот во Украина.

Весникот пишува дека во владејачките кругови на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп го гледаат како „миротворец“, во случај да победи на изборите.

Тие наведуваат дека Русија ќе понуди да го задржи Крим и сите освоени територии во рок од две години, а потоа да ги поправи границите и да го прифати она што остана од Украина во НАТО.

Оваа опција, потсетува весникот, е слична на она што се случи по Втората светска војна со поделбата на Германија на источна и западна. Тие веруваат дека ваквото сценарио ќе ја забрза распределбата на помошта за Киев, која е блокирана во Конгресот, пренесува Спутник.

Во написот се заклучува дека, со оглед на офанзивните дејствија на Русија во зоната на конфликтот, поповолно би било да се чекаат резултатите од изборите во САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…

Иранската влада побарала од Русија напредни радари…

Марија Габриел ќе биде втор човек во…

Поранешната еврокомесарка и министерка за надворешни работи…

ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…

Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…

Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…

„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…