Сајбер напад врз веб-страниците на самитот на НАТО, можна саботажа на локалните железници
Проруска хакерска група денеска ја презеде одговорноста за сајбер нападите врз холандските веб-страници поврзани со претстојниот самит на НАТО во Хаг, а холандските власти истражуваат дали саботажата предизвикала пожар што го прекинал железничкиот сообраќај до и од аеродромот Шипхол.
Проруската хакерска група NoName05716 ја презеде одговорноста за серија дистрибуирани напади врз холандските веб-страници што привремено ја прекинаа и веб-страницата на компанијата за јавен превоз Connexxion и две страници поврзани со самитот на НАТО – Фестивал на правдата и Пат до самитот.
Општинската влада во Хаг, исто така, го потврди нападот врз својата веб-страница, велејќи дека очекувала сајбер напади за време на самитот на НАТО.
Хакерската група NoName05716 е позната по нападите врз институциите во земјите што ја поддржуваат Украина.
Паралелно со хакерските напади, пожар избувна покрај железничките пруги во Амстердам во 05:41 часот утрово, оштетувајќи ги енергетските кабли кои се клучни за железничките операции до и од аеродромот Шипхол.
Пожарот доведе до целосен прекин на железничкиот сообраќај во областа, а компанијата што управува со железничката инфраструктура, ProRail, пријави „значителна штета“, предупреди дека поправките ќе траат неколку часа и дека точната причина за пожарот сè уште е непозната.
Холандскиот министер за правда и безбедност, Дејвид ван Вел, потврди дека саботажата е една од можностите што се истражуваат.
„Тоа е една од опциите што ги истражуваме. Но, прашањето е кој стои зад тоа? Може да биде група активисти, може да биде странска земја, сè е можно. Сега најважно е да се поправат каблите и сообраќајот да се врати во нормала“, рече ван Вел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руте: Сојузниците на Украина немаат избор освен…
Сојузниците на Украина немаат друг избор освен…
Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…
Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…
Фон дер Лајен и Руте ќе разговараат…
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер…
Подигната готовноста на Мисијата на НАТО за…
Авионите на Мисијата на НАТО за заштита…
Извештаи: Шефот на ЦИА во Москва ја…
Директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, ја предупредил…
