Италијанскиот министер: Американскиот план за Украина содржи услови што никогаш не би можеле да бидат прифатени

t

Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето изјави дека американскиот мировен план од 28 точки за Украина е премногу оштар и дека содржи елементи кои никогаш не можат да бидат прифатени. Во објава на мрежата Икс тој наведе дека е важно тоа што и Русија и Украина разговараат за планот, но дека предлогот претставува тешка понуда за Киев.

Крозето додаде дека документот може да послужи како почетна точка за преговори и за обновување на дијалогот. Според него, целта е итно запирање на конфликтот.

Украинскиот претседател претходно предупреди дека се соочува со тежок избор, а европските лидери изразија загриженост дека предложените ограничувања би ја оставиле Украина ранлива на идни напади.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Италијанскиот министер: Американскиот план за Украина содржи…

Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето изјави…

Макрон за американскиот план за Украина: Добар,…

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека американскиот…

Трамп: Предлогот на САД за Украина не…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека предлогот…

Европските земји, САД и украинските претставници утре…

Претставници на европските држави утре во Женева…

Трамп го именуваше Дрискол за нов специјален…

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска го…