Европските земји, САД и украинските претставници утре ќе разговараат во Женева
Претставници на европските држави утре во Женева ќе разговараат со американски и украински претставници за американскиот мировен план за Украина, изјавил извор од германската влада за dpa. Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ дал рок на Украина до четврток да одговори на предлогот со 28 точки.
Нацрт-планот, кој протече во медиумите и во четврток беше официјално претставен на Киев, предизвика загриженост затоа што предвидува широки територијални и воени отстапки кон Русија.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски именуваше преговарачка делегација, со Андриј Јермак како главен преговарач. Во деветчлената група е и Кирило Буданов, шеф на воената разузнавачка служба.
Зеленски изјави дека планот ја остава Украина пред „многу тежок избор: или губење на достоинството или ризик од губење на клучниот партнер“ – мислејќи на САД, кои обезбедуваат оружје и разузнавачка поддршка.
Украински високи претставници во наредните денови треба да се сретнат со американска делегација во Швајцарија за да разговараат за планот, но точниот термин и локација не се прецизирани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Украински дронови го погодија рускиот рафинериски…
Голем пожар избувна во рафинеријата за нафта…
Иранската војска ги предупреди САД: Новата војна…
Портпаролот на иранската војска, бригадниот генерал Мохамед…
Десет американски воени транспортни авиони пристигнаа во…
Десет транспортни авиони на американските воздухопловни сили…
САД бараат од балтичките сојузници да не…
Официјални лица од Пентагон во последните недели…
Масовен напад врз Москва, Украина ноќеска ја…
Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин утрово изјави…