Ич немале среќа: Разбојници влегле во продавница во Чаир, им се заканиле на вработените, но во касите немало ништо

t

Двајца разбојници, кои им се заканувале на вработените, се обиделе да ограбат скопски маркет, но откако ги пребарале касите и не нашле пари, си заминале со празни раце, соопшти полицијата.

„На 19.03.2023 во 20.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на ул.„Македонско-косовска бригада” во Скопје, две лица со закана кон вработените, пребарувале по касите, но, според вработените, не одзеле ништо“, велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чаирчанец ја нападнал вонбрачната партнерка со тврд…

Деветнаесетгодишна девојка пријавила дека пред три дена…

Малолетни разбојници приведени во Центар – ограбиле…

На 28.02.2024 во 14.00 часот на подрачјето…

30-дневен притвор за едно лице по обидот…

На 23.02.2024 СВР Скопје до ОЈО Скопје…