ИЈЗ ја откри Америка:Хаосот со сметот го загрозува здравјето на скопјани
Институтот за јавно здравје предупредува дека хаосот со сметот го загрозува здравјето на скопјани, но, оттаму смируваат дека засега, епидемиолошката ситуација е стабилна. Останува апелот да се почитуваат препораките…
Дождот ја зголеми опасноста од ширење заразни заболувања – отпадот на булеварите се чисти, но останува расфрлан на споредните улички. Надлежните им препорача на граѓаните да внимаваат на хигиената, да користат маски, ракавици, средства за дезинфекција, да не фрлаат ѓубре надвор од садовите. Граѓаните велат, сакаат да ги почитуваат препораките, но критикуваат оти хаосот бил на повидок.
„Јас ги знам препораките, но штета што нема разни контејнери, за стакло, пластика. Да заработиме од ѓубрето, а не глувци да имаме“, изјави една граѓанка.
„Со пластични контејнери не можеш да работиш. Капаците не функционираат. И да сакаш да го користиш капакот не работи. Како превентива не беа подготвени“, нагласи еден граѓанин.
„Ова е страшна работа, немаме како да се заштитиме“, вели друга.
„Препораките граѓаните ги применуваат, мислам дека полека ќе се исчисти“, дополни друг граѓанин.
Засега епидемиолошката состојба е стабилна – оценува институтот за јавно здравје. Нема зголемен број на цревни инфекции, ниту појава на заразни заболувања кои ги пренесуваат инсектите и глодарите, но нема простор за опуштање.
„Во однос на долгорочните последици, тоа е јавно здравствен проблем кој може нагло да ја влоши здравствената состојба на граѓаните, санитарната состојба и да предизвика здравствена криза, до која се надеваме дека нема да дојде“, вели д-р Драган Кочински од Институт за јавно здравје.
Навремената превенција и внимателното ракување со отпадот се клучни да се избегнат потенцијални здравствени ризици.
Иако епидемиолошката состојба засега е стабилна, надлежните предупредуваат дека секоја негрижа може брзо да ја промени сликата. Ги повикуваат граѓаните да бидат внимателни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИЈЗ ја откри Америка:Хаосот со сметот го…
Институтот за јавно здравје предупредува дека хаосот…
СНС се заканува: Ќе реагираме на насилство…
Се вжештува атмосферата во Србија пред 1…
Филипче: ВМРО-ДПМНЕ врши притисоци и уцени, но…
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р…
Нов скандал на повидок: Директорот на Комунална…
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, објави експлозивна…
ДИК утре ќе ги објави целосните конечни…
Државната изборна комисија (ДИК) утре ќе ги…