СНС се заканува: Ќе реагираме на насилство на 1 ноември, Академскиот пленум бара Вучиќ да се откаже од насилството

t

Се вжештува атмосферата во Србија пред 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад кога погинаа 16 лица.

Претседателот на Српската напредна партија, Милош Вучевиќ, изјави дека државата ќе реагира на „секоја форма на насилство“ доколку на 1 ноември во Нови Сад дојде до инциденти за време на собирот.

Во истиот настап, зборувајќи за барањето на студентското движење за вонредни избори, порача дека се залага изборите да се одржат кон крајот на 2026.

Академски пленум пак ја повика власта да се откаже од насилството кое според нив, го подготвува на 1 ноември за време на одбележувањето на годишнината од несреќата.

Тие укажуваат на подготвеноста на оваа влада, во како што велат сопствената беспомошност, да испрати провокатори и маскирани фигури на комеморативна прошетка што ќе се обиде да предизвика немири.

,,Затоа, ги повикуваме да се откажат од ваквите намери, студентите и сите присутни граѓани ќе сторат сè што можат за да се осигураат дека комеморативниот собир ќе помине мирно и достоинствено, а сите потенцијални провокатори ќе бидат изолирани и идентификувани.Доколку се случи какво било насилство, единствениот виновник и единствениот одговорен ќе биде – лично Александар Вучиќ“, порачаа од Академски пленум. објави Скопје1.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Експлодирала плинска боца во стан во Куманово

Плинска боца експлодирала во стан во Куманово,…

Апел за помош: ПОТРЕБНИ СЕ 100.000 ЕВРА…

Апел за помош: Здраво, свету! Јас сум…

ЕК: Уставните измени и реформите во правосудството…

Македонија и во најновиот извештај на Европската…

Тошковски: Возачите научија каде се камерите на…

Полициските возила ќе станат мобилни камери за…

Ја убил 17 годишната девојка во Богданци,…

Изгореното безживотно тело кое вчера било пронајдено…