И Бербок “ја шутна” Украина: Не знам дали е можна победа во оваа војна!
Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок не е сигурна дали е можно Украина да победи во оваа војна.
„Тоа е бруталната реалност“, рече таа во интервју за јавниот сервис ЗДФ.
Таа посочи дека е неопходно да се разбере ова и да се продолжи со снабдување со оружје во текот на есента и зимата за да се поддржи Украина.
Бербок рече дека тоа е моментално надворешната политика на Германија, која таа ја води со недели и месеци.
„Од една страна, важно е воено да се зајакне Украина, со се што имаме, а од друга, за жал, ситуацијата е таква што имаме дефицити во сопствените залихи“, изјави Аналена Бербок, пренесе Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Црна Гора испраќа војници во Украина!
Црногорскиот парламент усвои одлука за испраќање припадници…
Меџити од Одеса: Силно ја осудуваме руската…
Вицепремиерот Изет Меџити денеска учествуваше на Самитот…
Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…
Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…
Украина врати група воени заробеници во Русија
Украина ја врати втората група руски војници…
ВОЗНЕМИРУВАЧКО! Украински војник ослободен од руско заробеништво…
Суровоста и нехуманото постапување кон воените заробеници…