Објавено на:

И за денеска најави за пороен дожд, грмежи и засилен ветер

t

По невремето кое изминатото деноноќие предизвика штети повеќе локации во главниот град, од УХМР велат дека и денеска очекуваат пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Над 2.000 повици пристигнале во ЦУК изминатото деноноќие, откако делови од Македонија беа зафатени од силно невреме.

Поплавени подруми и домови, паднати дрвја, скршени бандери и поплавени улици е штетата што ја остави зад себе дождот. Од центарот за управување со кризи велат дека дежурните екипи интервенирале на неколку места низ земјава, а синоќа имало и спасувачка акција на мајка со две малолетни деца од планината Водно во Скопје.

„Вообичаено имаме од 1000 до 1500 јавувања дневно, но во текот на вчерашниот ден имавме околу 2100 повици од граѓаните за опасности и за штети. ЦУК заедно со своите дежурни оперативни работници секогаш е подготвен за било каков предизвик она што Ангелов знае да го каже – безбедноста пред се“

Од УХМР и за денеска најавуваат нестабилно време со пороен дожд, грмежи и ветер, а во некои делови од земјава ќе има и појава на град.

„Веќе од пладневните часови повторно ќе имаме нестабилна облачност, повремена појава на пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Некаде е можна појава на краткотрајно невреме со појава на град. Ќе имаме услови за појава на локално краткотрајно невреме и денеска, и тие услови ќе се намалат веќе во вечерните часови“

Што се однесува за следните денови, од понеделник според најавите не очекува привремено стабилизирање на времето на ниво на цела држава, со можност за краткотрајни врнежи во североисточниот дел на Македонија. Од УХМР велат дека стабилизирање на времето предвидено е дури за следниот викенд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда

Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…

Крвав хорор со ножеви во Чаир –…

Во крвава тепачка во која биле користени…

СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…

ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…