Објавено на:

И Италијанците ќе мрзнат: Греење најмногу до 19 степени и кратење на грејната сезона, одлучи Владата!

t

Италијанското Министерство за транзиција на животната средина потпиша нова регулатива за заштеда на енергија со која се воведуваат построги ограничувања за користење на греење на гас во текот на зимата.

Како што се наведува во соопштението, дневниот период на греење во земјава ќе се скрати за еден час дневно, додека вкупната зимска грејна сезона ќе се скрати за 15 дена, „со доцнење на датумот на вклучување за осум дена и исклучување на греење седум дена порано“.

Регулативата, исто така, ја заострува границата на вредностите на внатрешната температура, според која деловните субјекти се обврзани да не надминуваат 18 °C, а граѓаните да го постават греењето на максимални 19 °C.

Новите ограничувања нема да важат за „места за богослужба, јасли, градинки“ ниту за „згради чии системи за греење се потпираат на обновливи извори на енергија“, објави италијанското министерство.

Се додава дека „во случај на особено тешки временски услови, локалните власти ќе го задржат овластувањето да дозволуваат греење надвор од времето определено со уредбата“.

Според студијата на националниот енергетски регулатор ENEA, новите ограничувања би можеле да ѝ овозможат на земјата да заштеди дури 2,7 милијарди кубни метри гас во текот на зимската сезона.

Новиот план за заштеда на енергија следи по низата мерки низ земјата со цел да се реши енергетската криза во земјата. Италија, заедно со другите земји од ЕУ, се бори со рекордно висока инфлација, поттикната главно од трошоците за енергија. Земјата се потпира на увоз за речиси 75% од својата енергија. На почетокот на оваа година увезуваше 40 отсто од гасот од Русија, но во јули набавките од Русија се намалија на 25 отсто поради санкциите. Минатиот месец Италија загуби голем дел од снабдувањето од Русија кога Газпром го запре протокот на гас преку гасоводот Северен тек 1 поради технички проблеми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанија отвора камп за мигранти од Италија

Во Албанија наскоро ќе биде отворен камп…

Гром удри на плажа во Италија, најмалку…

Најмалку три лица се повредени денеска, од…

Силен земјотрес ја погоди јужна Италија!

Земјотрес со јачина од 5 степени според…

Ова се најзадолжените држави во ЕУ!

Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…

Курсна листа: Еве колку чинат валутите денес

Според курсната листа на НБРМ средниот курс…