И НАТО ќе се распадне? Ле Пен најави излегување на Франција од Алијансата
Кандидатката за претседател на Франција, Марин Ле Пен изјави дека во случај да победи на претстојните избори ќе донесе одлука Франција да го напушти НАТО.
„Мораме слободно да ги застапуваме сопствените интереси, да излеземе од логиката на воените блокови. Затоа ќе се повлечеме од НАТО за повеќе да не вовлекуваме во туѓи конфликти“, рече таа во обраќањето до нејзините поддржувачи.
Таа рече и дека во случај на победа на изборите ќе предложи постојната Европска унија да се замени со Европската алијанса на народите.
„Во свет кој постојано планира нови студени војни, Франција треба да биде позиционирана така што сите ќе го слушнат нејзиниот силен и независен глас, меѓу другото, преку нејзиното дипломатско седиште во Советот за безбедност. „Ќе ја реформираме ЕУ, ќе ја замениме со Европската алијанса на народите“, додаде таа.
На собирот беа прикажани и видеа од говори на политичари од други земји, меѓу кои Австрија, Холандија, Италија и Португалија, кои ја поддржуваат кандидатурата на Ле Пен.
Медиумите потсетуваат дека нејзината кандидатура ја поддржа и унгарскиот премиер Виктор Орбан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЛДП го поддржува предлогот од 5% од…
„Во пресрет на претстојниот самит на НАТО,…
Францускиот МНР: Франција е решена да ја…
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро…
Трамп ќе присуствува на самитот на НАТО
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе присуствува на…
Блумберг: НАТО бара од европските членки да…
НАТО бара од европските членки петкратно да…
Пратеници од Левица остварија средба со францускиот…
ПРАТЕНИЦИ ОД ЛЕВИЦА ОСТВАРИЈА СРЕДБА СО ФРАНЦУСКИОТ…