И ова бидна: Кадар на Влен со кривична пријава за фалсификување на диплома стана директор на здравствен дом Куманово…

t

Седат Зулбеари неодамна беше назначен за в.д директор на Здравствен дом Куманово. Тој по професија е економист, магистер по финансии, а на функцијата доаѓа од приватниот сектор, или барем така пишува во неговата биографија каде не е наведено дека МВР го фатило новоназначениот директор со фалсификувана диплома.

Педесет и едногодишен маж со фалсификувана диплома од универзитет во Приштина, Косово, се вработил како професор по математика во основно училиште во Куманово, објави МВР во 2019 година.

– Според информациите на МВР, С.З.(51) од Куманово набавил фалсификувана диплома од универзитет во Приштина со која се стекнал со квалификација „професор по математика“. Дипломата ја употребил во општинското основно училиште „Бајрам Шабани“ Куманово, каде склучил договор за работа и засновал работен однос на определено време.

До 2017 му биле изготвувани повеќе договори за работа на определено време, при што пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од буџетот на РС Македонија, во износ од платите што му биле исплаќани од 1.12.2011 до 5.05.2017.

Против него е поднесена кривична пријава за „фалсификување исправа“. – стои во полицискиот билтен.

Меѓу другото, овде е прекршен и Законот за здравствена заштита кј пропишува какво образование и работно искуство треба да има едно лице за да биде назначено за директор во здравствена установа. Дополнително, бидејќи Зулбеари доаѓа од приватниот сектор не можел да биде назначен за в.д директор бидејќи не е претодно вработен во институцијата.

Најпрво, условите за назначување на директор во здравствените домови низ Македонија е уреден со Законот за здравствена заштита, каде во членот 104 (Работоводен орган), став 2 (избор на директор) стои дека:

) За директор може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови:
1) е државјанин на Република Македонија;
2) во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
3) има завршено високо образование од областа на медицинските или стоматолошките науки, високо образование – дипломиран логопед, високо образование – специјалист по медицинска биохемија, високо образование од областа на економските или правните науки или јавно здравствениот менаџмент или завршени академски студии со најмалку 240 ЕКТС, односно најмалку VI Б ниво согласно со Националната рамка на високообразовните квалификации;
4) има минимум пет години работно искуство и положен испит за директор согласно со овој закон;
5) понуди најквалитетна програма за работа на јавната здравствена установа;
6) поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:

  • ТОЕФЛ ИБТ најмалку 74 бода,
  • ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода,
  • ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво,
  • ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,
  • БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода или
  • АПТИС (АPTIS) – најмалку ниво Б2 (B2) и
  • (7) има положено психолошки тест и тест за интегритет.

Претходно Инфомакс откри екеклузивни информации за незаконско назначување на директори на затвори, на Управата за извршување на санкции, осудени лица и поранешни затвореници кои станаа директори и заменици во неколку затвори во Македонија, лица против кои се води активна постапка за земање на мито и слично. Владата, по реакциите во јавноста подоцна разреши дел од овие лица, но како што гледаме на промашените кадри им нема крај. Последно објавивме и незаконско назначување на директор на здравствен дом во Македонски Брод, за што од министерот Таравари до овој момент и по неколку денови откако му е поставено прашањето, одговор не добивме…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кумановската болница повторно остана без вода

Кумановската болница повторно остана без вода поради…

Утрово избодено едно лице во Куманово

Утрово во 03.30 часот во Куманово, полициски…

(Видео) Пожарникари спасуваа кумановец кој паднал во…

Денеска, од пред зори имаше неколкучасовно, успешно,…

Обид за убиство во Куманово: Го прободел…

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Љ.А.(35)…

Претрес на МВР во Куманово: Пронајден кокаин,…

На 02.02.2023 во 19.45 часот, полициски службеници…