И студентите од Правен пред влада на протест
Студентите од правен факултет денеска најавија протест пред влада поради измените на Кривичниот законик.
Почитувани,
Како студенти кои избравме да студираме на правните факултети во Македонија, не можеме да останеме рамнодушни пред долгата тенденција на постапки кои водат кон уништување на нашиот правен систем.
Ние сме новата генерација на правници кои и се потребни на Македонија, не корумпирани и посветени на правото и правдата. Но, ние, како активни студенти, сме загрижени дека додека стапиме на позиции во правосудството, правдата може да остане само апстрактен поим.
Најновите брзи и криминогени изменувања на Кривичниот законик станаа капката што го прелева чашата. Затоа, ние мораме да сме погласни од било кога, бидејќи одлучивме да останеме во Македонија и да се бориме за правда во нашата земја.
Со ова обраќање, ги повикуваме сите студенти, професори и граѓани ПОВТОРНО да ни се придружат на протестот кој е закажан за денес, понеделник во 18:00 часот пред Владата на Република Македонија.
ДОСТА БЕШЕ од злоупотребата на европското знаменце како и од користењето и манипулирањето со правото и законите за интересите на политичките елити.
https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=pfbid0KSim6jbME9vVC6Yes1tF13Jfhk6a6KXDYkLA8EENRWdPzckE8m9RZHHPsYHKVNHtl&id=61551521963312
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Студентското собрание при УКИМ се извини за…
Во објавата на официјалниот фејсбук-профил на УСС…
Факели, овации и огномет за студентите: Пристигнаа…
Граѓаните се собраа во центарот на српскиот…
Вучиќ му се пожали на Додик за…
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Бања…
Студентите изгласаа блокирање на Државниот универзитет во…
Студентскиот пленум на Државниот универзитет во Нови…
За ова аминуваа измени на КЗ! Падна…
Кривичниот суд во Скопје денеска соопшти дека…