Студентите изгласаа блокирање на Државниот универзитет во Нови Пазар

t

Студентскиот пленум на Државниот универзитет во Нови Пазар денеска едногласно изгласа блокирање на високообразовната институција. На овој чекор се решиле откако раководството на Универзитетот не им ги отворило вратите и не им дозволило да влезат во просториите на факултетот.

Неколку стотици граѓани се собраа пред Универзитетот, аплаудираа и скандираа во знак на поддршка на студентите, барајќи да им се дозволи влез во зградата.
Студенти и граѓани претходно им оддадоа почит на жртвите во Нови Сад, како и на студентот од Нови Пазар кој беше прегазен на пешачки премин во Белград.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србија дала над 110.000 евра на здруженија…

Од 2023 година, Управата за дијаспора на…

Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…

Српската полиција денеска спровела голема акција во…

Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…

ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…

Еден месец пред изборите, Вучиќ најави помилувања…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес објави…

Србија ослободува 5000 тони дизел од државните…

Србија ќе ослободи околу 5000 тони дизел…