И Јани Иванов е ОДБИЕН од ФЗО за лекување во странство

t

Фондот има договор со домашни институции за рехабилитација, па пациентите немаат потреба да одат надвор од земјата. Ова е причината поради која Фондот за здравство ги одбил барањата на 19-годишниот неготинчанец Јани Иванов и 20-годишниот скопјанец Леонид Индов да се лекуваат на товар на државата, но во болници во странство.

-Барањето е одбиено како неосновано по истиот основ како и за осигуреникот Л.И., бидејќи не постои законски основ, согласно законските и подзаконските одредби, за упатување на лекување во странство за извршување на здравствената услуга медицинска рехабилитација како продолжено болничко лекување, поради тоа што Фондот за осигурените лица ја обезбедил во здравствените установи во Р. Македонија, со кои склучил договор.

20 години стариот и неприлагоден на условите, закон им прави огромни проблеми на пациентите, на кои им треба лекување во странство. Услови во домашните институции за лекување и рехабилитација на пациенти со параплегија нема, велат родителите на Јани, кои на своја кожа го почувствувале тоа. Центарот во Козле лани набавил апарат за роботска рехабилитација токму за вакви пациенти, но тој се уште не се користи целосно. Таткото на Јани, Васил вели дека неговиот син има огромна декубитна рана од лежење, па за да се користи роботот, но и базен за рехабилитација, раната треба да се заштити. За разлика од болницата во Лариса, каде Јани се лекува, тоа во земјава не е можно, раскажува тој, пренесува 24Вести.

Ова семејство деновиве треба се сретне со заменик народниот правобранител Јован Андоновски, кој вчера најави иницијатива за измени на законски и подзаконски акти на Фондот, со кои секој случај ќе се цени индивидуално, а не генерално, како до сега. Дотогаш, семејствата на Јани и Леонид ќе се надеваат на хуманоста на граѓаните, преку која досега нивните деца успешно се опоравуваат во странство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Спречена е трагедија, заканата за концертите на…

Заканата од терористички напади на концертите на…

Сирак од 12 години, со маки аргатувал…

Марко Деспотоски е роден на 28 септември…

(Видео) Левица ги подбра ЕВН: За влакно…

Во попладневните часови поради дефект на далекувод…

ЕУ: Украина има законко право да се…

Портпаролот на Европската унија, Петер Стано, коментирајќи…

САД се налутија: Косово ги загрозува можностите…

Соединетите Американски Држави оценија дека со континуираните…