Кабинет на Пендаровски за Инфомакс: Евентуална одлука за испраќање на НАТО војници во Украина ќе носиме потпирајќи се на нашите стратешки државни интереси!

t

Во рамки на НАТО официјално не е разговарано за испраќање на војници од Алијансата во Украина, велат од кабинетот на претседателот Пендаровски за Инфомакс.

– Засега во рамки на НАТО не е официјално разговарано за ова прашање. 

Доколку биде отворено за консултации, заедно со сојузниците внимателно ќе ги разгледаме сите аспекти. Потоа, одлука ќе носиме првенствено потпирајќи се на нашите стратешки државни интереси, истакнаа од кабинетот на Претседателот.

Претходно францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека е потребно да се испратат војници на НАТО во Украина, со цел помагање на земјата во војната со Русија. Неговата изјава наиде на остри реакции од останатите земји членки на НАТО, меѓу кои првенствено на Германија. Германскиот канцелар Шолц истакна дека таквата идеја не е добра. Реакција имаше и генералниот Секретар на НАТО, Јенс Столтенберг кој изјави дека нема план за испраќање на војници во Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Марија Габриел ќе биде втор човек во…

Поранешната еврокомесарка и министерка за надворешни работи…

ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…

Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…

Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…

„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…

Првите Ф-16 пристигнаа во Украина

Првата серија американски ловци Ф-16 пристигна во…