Кавадарчанка му се заканувала на сопругот – тој ја пријавил

t

Лишени од слобода биле вчера кавадарчанка која му се заканувала на сопругот и кавадарчанец кој обљубил сограѓанка, информираа денеска од СВР Велес.

Вчера во 11.15 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци ја лишиле од слобода А.Б.(46) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом му се заканувала на нејзиниот 48-годишен сопруг. А.Б. била приведена во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нејзе ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од СВР Велес.

Синоќа во 18.40 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода А.Х.(33) од Кавадарци, по пријава од 26-годишна сограѓанка, со која бил во љубовна врска.

Според пријавеното, на 9 јули во хотелска соба во Кавадарци, А.Х. физички ја нападнал и извршил обљуба врз неа. А.Х. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Велес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Франција по пенали ја елиминира Португалија и…

Репрезентацијата на Франција е вториот полуфиналист на…

(Видео) На отворањето на стадионот, наместо во…

Огномет повреди неколку луѓе за време на…

Маж почина во воз: 12 часа го…

Јапонец починал додека се возел во воз…

Бридлав: Да и се дозволи на Русија…

САД ќе бидат домаќин на самитот на…

Додик: Ќе го предупредиме американскиот функционер, ако…

Претседателот на Република Српска и лидер на…