“Каде дум, тој кум”: Мицкоски наместо да ја урива власта шета по сите градски и селски слави и журки

t

Кај што се чести, таму е Мицкоски, или што би рекол македонскиот народ, “каде дум, тој кум” или “во секоја манџа, запршка”.

Нема слава без “лидерот”, а тоа може да се види и од неговата Фејсбук страна на која Мицкоски објави фотографии од тоа што требаше да личи на “Пивофест” во Прилеп, додека народот вриеше за скандалот со Онкологија и протестираше, Мицкоски “си лабавеше” со пивото, на кое знаеме дека е љубител за што исто така се има пофалено на Фејсбук.

Потоа, беше и во Кавадарци, на гроздобер и на винце, претходно на журка во Штип, па на собир во Макавеј.

И додека во државата има најплодна почва за рушење на власта, скандали кои ѝ одат во прилог на опозицијата, Мицкоски наместо да ја руши Владата, се шета низ Македонија на секоја градска и селска веселба.

Многу опозиционерски, нема што…

Додека зборува како тоа народот страда, тој не пропушти ниедна “журка”, наместо да направи нешто за рушење на Владата, Мицкоски прави кворум во Собрание и ги замајува граѓаните со истите три реченици за “сите ќе си одговараат” (освен неговата екипа), “сега, само што не паднала владата” и “уплашени човечиња од власта” кои патем никако да ги исплаши доволно за да си одат…

Е да, за на власт треба способност и храброст, но поудобно е во фотелјата во “министерството за опозиција”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата се раситнува: Мицкоски го најави излегувањето…

На премиерот му е јасно дека Таравари…

Мицкоски: Не ми е проблем ќе појдам…

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека е подготвен…

Мицкоски калкулира со парламентарни избори заедно со…

Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ информираат дека во партијата…

ЦК на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски очекуваат…

Владата е стабилна силна и успешна –…

Мицкоски ќе ги посети повредените во пожарот…

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе…