Каде оди светот?! Во Берлин се отвара првата геј-лезбејска градинка: Децата ќе читаат приказни каде принцот се жени со принц
Советувалиштето за хомосексуалци во Берлин тргна по нов пат и напролет ќе ја отвори првата геј-лезбејска градинка во Германија.
Во групите „Пинк тигар“ и „Жолто-зелен партнер“ на децата ќе им се објаснува како е да се биде геј или лезбејка.
„Во градинката, на пример, ќе има 10 нормални книги за деца, но и три во кои принцот се жени со принцот“, објасни концептниот директор на Советувалиштето за хомосексуалци, Марсел де Грот, пренесува Танјуг.
Според него, тоа треба да им олесни на децата подоцна да излезат ако се хомосексуалци.
Интересот за новата градинка е веќе голем и досега се пристигнати 60 апликации за вкупно 93 деца.
Заинтересирани се таканаречените „фамилии на виножито“, односно геј семејства со деца, или граѓани на Берлин кои живеат во близина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дете во детска градинка во Радовиш се…
Вчера во 11.00 часот во ОВР Радовиш,…
„Омилената новинарка на Путин“: Ако ја нападнат…
Маргарита Симонијан, главна уредничка на „Русија денес“,…
Момче избодено во основно училиште во Берлин,…
Дванаесетгодишно момче е тешко повредено денеска при…
Девојченце физички нападнато од негователка во градинка!…
Девојче е физички нападнато од негователка во…
Хаос во Загреб: Пожар опустоши детска градинка,…
Денеска во Загреб избувнал пожар во градинка…