Каде ќе одиме ние? Половина од Европејците стравуваат дека нема да можат да си ги платат сметките
Речиси половина од Европејците стравуваат дека нема да можат да си ги платат сметките во следните шест месеци.
Покривањето на трошоците како отплата на хипотекарниот заем и превозот до работа е грижа на 48 отсто од испитаниците, а 37 отсто од нив ги користат заштедите за да врзат крај со крај, покажува истражувањето на Ипсос.
Инфлацијата во ЕУ зајакна по пандемијата поради наглото закрепнување на побарувачката што не беше усогласено со понудата. Во 2022 година, растот на цените дополнително се забрза, поттикнат од скокот на трошоците за производство, храна и енергија поради руската инвазија на Украина и западните санкции против Москва.
За да ја скроти инфлацијата, Европската централна банка (ЕЦБ) го промени правецот на монетарната политика и ги зголеми каматните стапки, па 10 отсто од испитаниците сега мора да плаќаат поголема камата на хипотекарните заеми поради договорите со променливи каматни стапки.
Скокот на цените на енергенсите се одрази на животниот стандард на граѓаните во ЕУ, а 71 отсто од испитаниците се обидуваат да ја намалат потрошувачката, а 28 отсто од нив го промениле начинот на превоз.
Ипсос го спроведе истражувањето во октомври и ноември минатата година во име на Европската комисија, на примерок од 1.000 испитаници по земја, вклучувајќи 27 земји од ЕУ, Исланд и Норвешка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Голем пад на цените на нафтата на…
Цените на нафтата паднаа под 76 долари…
Нови цени на горивата од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…
Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа
Во земјите од регионот денеска се активирани…
Цените на недвижностите и кириите во ЕУ…
Во последната деценија и половина, пазарот на…
Од полноќ поскапуваат горивата
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…