Објавено на:

Каде ќе одиме ние? Половина од Европејците стравуваат дека нема да можат да си ги платат сметките

t

Речиси половина од Европејците стравуваат дека нема да можат да си ги платат сметките во следните шест месеци.

Покривањето на трошоците како отплата на хипотекарниот заем и превозот до работа е грижа на 48 отсто од испитаниците, а 37 отсто од нив ги користат заштедите за да врзат крај со крај, покажува истражувањето на Ипсос.

Инфлацијата во ЕУ зајакна по пандемијата поради наглото закрепнување на побарувачката што не беше усогласено со понудата. Во 2022 година, растот на цените дополнително се забрза, поттикнат од скокот на трошоците за производство, храна и енергија поради руската инвазија на Украина и западните санкции против Москва.

За да ја скроти инфлацијата, Европската централна банка (ЕЦБ) го промени правецот на монетарната политика и ги зголеми каматните стапки, па 10 отсто од испитаниците сега мора да плаќаат поголема камата на хипотекарните заеми поради договорите со променливи каматни стапки.

Скокот на цените на енергенсите се одрази на животниот стандард на граѓаните во ЕУ, а 71 отсто од испитаниците се обидуваат да ја намалат потрошувачката, а 28 отсто од нив го промениле начинот на превоз.

Ипсос го спроведе истражувањето во октомври и ноември минатата година во име на Европската комисија, на примерок од 1.000 испитаници по земја, вклучувајќи 27 земји од ЕУ, Исланд и Норвешка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Борел: Американскиот „одбранбен штит“ над Европа наскоро…

Американскиот „одбранбен штит“ над Европа наскоро би…

Месото во ЕУ за една година поскапело…

Во февруари годинава, цената на месото во…

Цените на суровата нафта достигнаа петмесечен максимум

Цените на суровата нафта се зголемија за…

Ахмети: ДА за Европа, НЕ за Русија

Али Ахмети во својот говор во Гостивар…

Полскиот премиер вели дека Европа минува низ…

Полскиот премиер Доналд Туск смета дека Европа…