Каевски: Уставните измени ќе бидат донесени до крајот на годинатa!
Пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски е убеден дека уставните измени ќе бидат донесени до крајот на годината, односно дотогаш тој очекува да се заврши собраниската седница за уставните амандмани.
-Очекувам дека собраниската седница за уставните измени ќе заврши до крајот на годината и ќе заврши успешно со потребниот број од 80 пратеници за да се изгласаат уставните измени – изјави Дарко Каевски од СДСМ во “Тема на денот” на ТВ Сител. Ваквиот исход вели Каевски, не е важен за за власта или за владеачкото мнозинство во Собранието, не е важна за Владата ниту за премиерот Димитар Ковачевски.
Донесувањето на уставите измени, додава Каевски, е важно за граѓаните. – Уште минатата година кога опозицијата велеше дека 2023- та година ќе биде изборна година, дека ќе имаме предвремени парламентарни избори, ние велевме ова година ќе биде година на уставни измени кои се важни за продолжување кон европскиот пат- вели Каевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Снопче бара од СДСМ и Европскиот фронт…
Пратеникот Халил Снопче од коалицијата ВЛЕН денеска…
Каевски: Неучество во техничка Влада на ВМРО-ДПМНЕ,…
Евентуално неучество на ВМРО-ДПМНЕ во техничката Влада…
Каевски: Локалната власт на ДПМНЕ ништо не…
Освен тоа што ништо не работат и…
Му кажало магарето на зајакот имаш големи…
2 години локална власт - 0 резултати,…
Јовески се правда: Обвинителството не е консултирано…
Владата во постапката за донесување закони, а…