Каевски: Утре е последната можност за ДПМНЕ да покажат дали се за или против ЕУ
Собраниската седница којашто започнува утре дефинитивно ќе потврди кој е за македонска европска иднина, а кој против членство во ЕУ, порача попладнево пратеникот и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски.
Според него, пратениците мора да му погледнат на народот во очи и да изберат: интеграција во ЕУ или изолација.
Каевски е дециден дека „сите лаги кои досега ги пласираше опозицијата се потопени“.
Требаше Мицкоски и ДПМНЕ досега 100 пати да се извинат, не на нас, на граѓаните, за срамните лаги. Но тоа е само потврда за нивната погрешна политичка матрица и немањето државнички капацитет. Прво беше „асимилација и бугаризација“. Откако се виде дека нема ништо од тоа сега е „бугарски диктат“. Уставните измени не се ничиј диктат, ниту пак нечиј поединечен предлог, туку се дел од преговарачката рамка на Македонија со Европската Унија. Ни повеќе ни помалку, истакна Каевски на прес-конференција.
За пратеникот, утрешната седница е последна можност и за ДПМНЕ.
Да покажат дали избрале интеграција во ЕУ или избрале изолација, седнати во скутот на Левица. Доколку ја одберете Левица и анти-европскиот блок ДПМНЕ отворено застанува против Македонија, против врвните национални и државни интереси на македонската држава-членство во ЕУ, порачува Каевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…
Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…
Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…
Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…
ЕУ мобилизира дополнителна помош за борба против…
По упатеното барање за помош од Македонија,…
СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците
Првиот амандман, кој имаше за цел да…
Ова се најзадолжените држави во ЕУ!
Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…