Казната стигна: УЕФА со суспензија од два меча за Албанецот Мирлинд Даку
Албанската фудбалска федерација официјално објави дека нивниот репрезентативец, Мирлинд Даку добива суспензија во траење од два натпревари поради навредливите скандирања кон Македонците и Србите по мечот со Хрватска на Европското првенство.
Иако се очекуваше казната да биде повисока, УЕФА реши да го суспендира Даку на само два меча, што автоматски значи дека тој нема да биде во составот за мечот со Шпанија и за него настапот во Германија е скоро сигурно завршен.
На навредливите скандирања веднаш реагираа српската и македонската фудбалска федерација, а УЕФА бргу покрена дисциплинска постапка против играчот и навремено ја изрече соодветната казна. Албанија во моментов има еден освоен бод во групата Б.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заев до Ципрас: Со договорот од Преспа…
Поранешниот премиер Зоран Заев му упати честитка…
Белата куќа испрати меил со сите изјави…
Во услови на тековниот израелско-ирански конфликт, Белата…
Израел ќе реализира летови за репатријација на…
Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…
Трамп: Не гледам дека Москва или Пјонгјанг…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не…
Моторџија од Србија е тешко повреден во…
„На 16.06.2025 во 15:00 часот во СВР…