Казнети 108 возачи во Скопје, 12 без возачка

t

Засилените акциски контроли продолжуваат. Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден на територија на Град Скопје изречени се вкупно 108 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина пет санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се шест мерки за користење на мобилен телефон, четири санкции за возење под дејство на алкохол, шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за недавање првенство на минување на пешаци, шест мерки за возач почетник…

-Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопшти МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полициски хеликоптер фрли над 43 тони вода…

Денеска (04.08.2024) хеликоптерот Бел 412 од Одделот…

Ни трага ни глас од скандалот на…

Ни трага ни глас од скандалот на…

И денеска може да подигнете лични карти,…

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска…

(Видео) СКАНДАЛ: Братот на заменик МВР кој…

 Заменикот на Панче Тошковски, Астрит Исени демантира…

Потпишани договорите на новите полициски службеници од…

Денеска (01.08.2024) министерот за внатрешни работи Панче…