Каква иронија: Телевизиска екипа ограбена во Чикаго додека снимала прилог за грабежите во градот
Телевизиска екипа во Чикаго, која покрива серија насилни грабежи во градот, и самите станале жртви на грабеж. Двајца вработени во станицата на шпански јазик Унивизион Чикаго се соочиле со тројца разбојници кои носеле маски за скијање и биле вооружени со пиштоли, соопшти мрежата.
Тие го снимиле телевизиското шоу непосредно пред 5 часот наутро во понеделникот во населбата Вест Таун во Чикаго. Луис Годинез, потпретседател во Унивизион Чикаго, рече дека на вработените им биле ограбени телевизиските камери и другите лични работи под закана со пиштол. „Им пријдоа со оружје и ги ограбија. Тоа беа главно лични работи, а земаа и камера“, изјави тој за Чикаго Трибјун.
Тој додаде дека членовите на тимот снимале прилог за зголемените вооружени грабежи, но таа приказна никогаш нема да се објави бидејќи снимката била на украдената камера. Полицијата во Чикаго соопшти дека во инцидентот нема повредени и дека се уште не се уапсени напаѓачите, пишува Индипендент.
Полицијата ги идентификувала жртвите како двајца мажи на возраст од 28 и 42 години. Нивниот идентитет не е откриен. Разбојниците на местото на грабежот пристигнале со сива лимузина и црн џип. Вооружените разбојници веднаш по грабежот побегнале со своите возила, соопшти полицијата.
Си-Би-Ес Чикаго известува дека имало најмалку седум грабежи во периодот од неделата навечер до понеделник наутро, вклучително и еден што бил насочен кон телевизиската екипа. Инцидентот во кој учествувале тие бил втор грабеж овој месец во кој учествувала новинарска екипа од Чикаго.
На 8 август, фотограф бил ограбен и нападнат додека се подготвувал да покрие прес-конференција на Вест Сајд во Чикаго. Националната асоцијација на вработени во радиодифузијата и техничари издаде предупредување во врска со порастот на криминалот во градот.
„Нашите фотографи и репортери обезбедуваат многу важна јавна услуга во информирањето на нашата заедница. Ние сме посветени да се погрижиме нивната безбедност да биде на прво место“, рече Раза Сидики, претседател на локалниот синдикат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вредноста на синдикалната минимална кошница за два…
Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во…
Ова не е Израел, ниту Иран, ова…
Општинската организација на СДСМ во Конче реагира…
ОЈО потврди: Уапсено е лицето од Народна…
Уапсен вработениот во Народна Банка за кого…
Тројца лишени од слобода за разбојништво во…
На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…
Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда
Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…